СДСМ го смета за позитивен ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека неговата партија се откажува од идејата за бојкот на пописот.
„Очекуваме дека разумот ќе преовладее кај сите и дека по цели 19 години Република Северна Македонија ќе спроведе попис без мешање на политиката, солгасно стандардите и праксите на Евростат и Обединетите Нации“,
се вели во реакцијата од владејачката партија, на изјавата на Мицкоски за Канал 5, која ја отфрли идејата за бојкот и побара одлошување од 6 до 12 месеци.
Мицкоски вечерва понуди нов предлог – да се спроведе електронски попис, со споредување на базите на повеќе институции, а неговата партија ќе ги признае резултатите какви и да се.
Од СДСМ порачаа дека секоја политичка партија има обврска пред државата и граѓаните да ги поддржи процесите, државата, институциите да добијат точни податоци за структурата на населението и домаќинствата, демографски податоци за општините и регионите а тоа, според партијата, е возможно само со спроведен попис согласно сите меѓунардони стандарди.