Христијан Мицкоски нема алиби за неуспесите и треба да си поднесе оставка, повикуваат од СДСМ. Велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нема став за ниту едно важно прашање и дека не им понудил ништо конкретно на граѓаните.
„Повеќе од еден месец по изборите, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски сè уште се во дезориентација, без политички компас по доживеаниот пораз“,
велат од СДСМ.
Мандатарот Зоран Заев завчера најави укинување на моделот Пржинска влада и кажа дека за тоа прашање има согласност и од опозицијата, по што следуваше реакција од ВМРО-ДПМНЕ. Денеска од СДСМ потсетуваат дека Мицкоси во телевизиско соочување во кампањата, Мицкоски самиот потврдил дека е против техничка Влада по Пржински модел.
„Наместо да бара алиби за неуспесите, Мицкоски барем еднаш нека покаже зрелост и нека го оствари ветувањето дека ќе поднесе оставка доколку ги изгуби изборите или доколку не направи Влада. Време е Мицкоски, исправи се, погледни си во очи и потсети се на твоето ветување пред изборите – политичарите се големи онолку колку што имаат јасно дефиниран став и онолку колку што стојат на сопствениот збор. Голем е твојот пораз Мицкоски, исполни си го твоето големо ветување – оставка!“,
се вели во реакцијата.