Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара од ДИК веднаш да ги коригира грешките во податоците кои според нив биле објавени во симулацијата на мандатите и во неофицијалните резултати.
„Според податоците на изборниот компјутерски центар на СДСМ, разликата во корист на коалицијата ‘Можеме’ изнесува најмалку три мандати, а во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат“,
се вели во соопштението од СДСМ.
Оттаму им честитаат на сите граѓани за успешните, демократски и современи парламентарни избори, на кои победила опцијата која нуди сигурна иднина за Северна Македонија.
„Заедно со демократското граѓанско мнозинство, СДСМ го победи режимот на ВМРО-ДПМНЕ и го испрати во неповратно минато.
велат од СДСМ.
Македонската иднина е во сигурни раце, а земјата и народот продолжуваат напред водени од одговорна и прогресивна власт“,