По наредба на ОЈО ГОКК, попладнево се извршени претреси на повеќе локации во земјава со цел откривање на евентуално инволвирани други лица во случајот, како и обезбедување на дополнителни докази и предмети поврзани со кривичното дело
Во координирана акција на надлежните служби на Северна Македонија, Косово и Грција денеска во Солун е сузбиена меѓународна организирана криминална група. Во акцијата се приведени еден македонски и еден косовски државјанин, а пронајдени и запленети се над 300 килограми марихуана – информираат вечерва од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

„При контрола на товарно моторно возило, во приколка биле пронајдени и запленети 324 килограми наркотична дрога марихуана, скриени во осум палети со хартија“,
соопштија од Обвинителството, додавајќи дека акцијата е резултат на континуирана меѓународна соработка во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со наркотични дроги.
По наредба на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, попладнево се извршени претреси на повеќе локации во земјава со цел откривање на евентуално инволвирани други лица во случајот, како и обезбедување на дополнителни докази и предмети поврзани со кривичното дело.
