Ова не е политичка битка, порача на денешната прес-конференција пратеничката на СДСМ и ексминистерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, туку битка за зачувување и унапредување на македонскиот јазик. Жално е, додава таа, при донесен Закон да се слушне реченицата „Никој не се грижи за македонскиот јазик“, која ја употреби експретседателката на Советот за македонски јазик во образложението за поднесената оставка
Опозицискиот СДСМ денеска побара претседателот на Собранието, Африм Гаши, да овозможи одржување на надзорна расправа за Законот за употреба на македонскиот јазик, обвинувајќи ја власта дека две години нема имплементирано ниту една одредба од Законот и покрај алармирањата на опозицијата.

Реакцијата на СДСМ доаѓа во момент кога вакви обвинувања изнесе и експретседателката на Советот за македонски јазик, Симона Груевска-Маџоска, која пред еден месец поднесе неотповиклива од функцијата, а пред два дена се произнесе за причините поради кои ја донела ваквата одлука.
Ова не е политичка битка, порача на денешната прес-конференција пратеничката на СДСМ и ексминистерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, туку битка за зачувување и унапредување на македонскиот јазик. Жално е, додава таа, при донесен Закон да се слушне реченицата „Никој не се грижи за македонскиот јазик“, која ја употреби експретседателката на Советот за македонски јазик во образложението за поднесената оставка.
„Иако постојано предупредувавме дека Законот за употреба на македонски јазик, кој беше донесен во јануари 2024 година не се применува, на никого во ВМРО-ДПМНЕ како да не му е гајле. На 23.03.2026 пратеничката група на СДСМ поднесе барање за одржување на надзорна расправа за нефункционирањето на Законот за македонски јазик. Или, како и што слушаме и читаме деновиве, нема Стратегија за македонски јазик, нема Национална стратегија и национален став за негување на македонскиот јазик. Македонскиот јазик и тие кои се грижат за него се игнорирани од страна на министерот. Ако на една страна го ставиме законот, а на друга страна реакциите на јавноста по повод не преземање ништо од страна на ресорното министерство, секој нормален би се запрашал: дали министерот Љутков го мрази македонскиот јазик и никако да го стави како приоритет?“,
рече Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција во парламентот.
Таа прашува како да се изгради единствен и силен став за македонскиот јазик пред надворешните предизвици ако околу неговата заштита и развој постојат толку видливи несогласувања внатре во државата. Како, додава Костадиновска-Стојчевска, да се испрати порака за единство околу едно од најважните идентитетски прашања, кога постојат судири меѓу институциите и луѓето што имаат задача да го чуваат, унапредуваат и афирмираат јазикот.
