Од владејачката партија и денеска бараат оставка од актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ откако поранешни високи функционери на сега опозициската партија признаа вина во случајот „Титаник“
Владејачкиот СДСМ апелира за „ефикасна истрага и завршница“ на кривични постапки што се водат против политичари, а во контекст на неодамнешното признание на вина на дел од обвинетите во случајот „Титаник“ .
Од СДСМ и денеска бараат оставка од актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ откако поранешни високи функционери на сега опозициската партија признаа вина во случајот што го отвори некогашното СЈО, а кој се однесува на изборни нерегуларности. Според владејачката партија, актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бил десна рака на неговиот претходник во партијата и поранешен премиер Никола Груевски.
„Поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ пред суд признаа дека постапувале противзаконски, правеле изборни нерегуларности и незаконски финансирале кампањи. Со ова нивно признание се потврдува дека сите изборни процеси организирани од ВМРО-ДПМНЕ се нерегуларни. По ваквите сведоштва, Христијан Мицкоски, како некогашна десна рака на Груевски, да поднесе оставка заедно со целото раководство на партијата. ВМРО-ДПМНЕ останува нереформирана партија, Мицкоски е опкружен со блиските луѓе на Груевски како Игор Јанушев, Александар Николоски, Антонијо Милошоски. Апелираме за ефикасна истрага и завршница на процесите против сите поранешни и актуелни политичари, без разлика дали се на власт или во опозиција.
се наведува во соопштение на СДСМ.
Правдата мора да надвладее, пред законите сите мора да се еднакви“,
