На Ружди (75) итно му беше извршена операција, откако маж го избоде неколку пати пред неговото закажано предавање во Њујорк минатата недела, по што беше ставен на респиратор
24-годишниот Хади Матар е обвинет е за обид за убиство и останува во притвор без одредена кауција
Според адвокатот на познатиот писател, Ружди најверојатно ќе го изгуби едното око, нервите во раката му се отсечени, а црниот дроб му е пробиен и оштетен
Салман Ружди е буден, свесен и комуницира со истражителите, но и натаму ќе треба да остане во болница поради сериозни повреди со кои се здоби по нападот со нож во петокот во Западен Њујорк, јавува Си-ен-ен.
На Ружди (75) итно му беше извршена операција, откако маж го избоде неколку пати пред неговото закажано предавање во Њујорк, по што беше ставен на респиратор.
Пред два дена, тој беше тргнат од машината за вештачко дишење, а лекарите објавија дека е комуникативен.
Светски познатиот писател е свесен и вчера можел да одговара на прашања од истражителите. Засега нее познато што им рекол Ружди на инспекторите по нападот, кој го потресе книжевниот свет и наиде на осуда од целиот свет.
Осомничениот за нападот е идентификуван како 24-годишниот Хади Матар. Тој скокнал на сцената во Њујорк и се фрлил на писателот, по што го избодел неколку пати. Осомничениот бил задржан од толпата додека полицијата не го приведе.
Тој е обвинет е за обид за убиство и останува во притвор без одредена кауција, соопштено е од канцеларијата на тамошниот обвинител.
Писателот се здобил со три убодни рани во пределот на вратот, четири на стомакот, на десното око и градниот кош, како и рана на десната надколеница.
Напаѓачот се изјасни за невин
За време на сослушувањето, Матар се изјасни за невин за нападот. Но, обвинителот сепак оцени дека се работи за кривично дело обид за убиство со умисла, поради тоа што авторот на „Сатанските стихови“ има тешки повреди.
Судијата ја отфрли можноста за кауција откако окружниот обвинител Џејсон Шмит образложи дека Матар намерно презел чекори за да му наштети на Ружди со тоа што однапред обезбедил пропусница за настанот на кој познатиот автор зборуваше и пристигнал во Њујорк еден ден претходно со лажна лична карта.
Сериозни повреди
По нападот Ружди итно беше префрлен во болница, а извесно време животот му беше во опасност. Сега лекарите сметаат дека тој е во доволно стабилна состојба за да може самостојно да дише, иако предуредуваат дека се соочува со долг процес на закрепнување.
„Салман Ружди најверојатно ќе го изгуби едното око, нервите во раката му се отсечени, а црниот дроб му е пробиен и оштетен“,
изјави неговиот адвокат.