Ружди, кој е роден во муслиманско кашмирско семејство во Мумбаи, се соочуваше со повеќе смртни закани поради неговиот четврти роман „Сотонски стихови“, по што се пресели во Обединетото Кралство
Осомничениот за нападот на писателот Салман Ружди во американската сојузна држава Њујорк, Хади Матар, обвинет е за обид за убиство и останува во притвор без одредена кауција, соопштено е од канцеларијата на тамошниот обвинител.
Матар, 24-годишен маж од Фервју во Њу Џерси, изведен е пред суд доцна синоќа, со обвиненија за убиство од втор степен и за напад од втор степен, соопшти за медиумите Џејсон Смит, обвинител од регионот Чаутаука, во западниот дел на Њујорк.
Шмид рекол дека државните и федералните безбедносни агенции, вклучувајќи ги и оние во Њу Џерси, истражуваат планирање и подготовка на напад, со цел да одредат дали ќе има дополнителни обвиненија за напаѓачот.
Ружди, кој е роден во муслиманско кашмирско семејство во Мумбаи, се соочуваше со повеќе смртни закани поради неговиот четврти роман „Сотонски стихови“, по што се пресели во Обединетото Кралство.
Некои муслимани рекоа дека книгата содржела богохулни пасуси. Оваа книга беше забранета во многу муслимански земји по нејзиното објавување во 1988 година.
Неколку месеци подоцна, иранскиот врховен водач, ајатолахот Рухолах Хомеини, издаде фатва против Ружди повикувајќи ги муслиманите да го убијат него и сите вклучени во објавувањето на книгата поради богохулење.
Ружди, кој го нарече својот роман „прилично благ“, се криеше речиси една деценија.