Новата амбасадорка на САД во земјава Кејт Брнс на денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери прашала дали има шанса Законот за јавно обвинителство, со кој се регулира статусот на СЈО, да се изгласа до 15 септември. Ова го соопшти собранискиот спикер на денешниот брифинг со новинарите, кој почна подоцна од најавеното токму поради средбата Џафери-Брнс. Ако има волја, Џафери вели дека Законот може и порано да го помине собранискиот филтер.

изјави спикерот Џафери на брифингот со новинарите
„Амбасадорката праша дали може до 15 септември да помине Законот. Јас кажав, не до 15 септември, туку до крајот на август може да помине. Ако денеска го добијам предлог-законот може на 29 или 30 јули да помине во прво читање. Од 26 до 30 август може да оди во второ читање. Процедурата е лесна, но ако законот не е усогласен од политичките субјекти, тогаш постапката може да трае и со месеци“,

На средбата се разговарало и за случајот „Рекет“, за што амбасадорката Брнс истакнала дека истрагата мора да има јасен епилог.
*поврзана вест: Трнлив е патот до двотретинско мнозинство за Законот за ЈО