САД ѝ донираа 1,1 милион долари на Северна Македонија за борба против коронавирусот, соопшти американската амбасада.
Парите се обезбедени преку УСАИД за Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ да спроведат активности во справувањето со ковид-19.
„Во време на неизвесност и вознемиреност поважно од кога било е да се работи заедно. Убедена сум дека оваа поддршка значително ќе придонесе во борбата против ковид-19 во Северна Македонија“,
вели американската амбасадорка Кејт Брнс.
Дел од помошта, како што објаснуваат во соопштението, ќе биде насочена за подготовка на лабораториските системи за зголемување на капацитетот за тестирање, за обучување на тимовите за брз одговор и испитување на случаи, за превенција на ширењето на заразата во здравствените установи и др.