Шефицата на Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за „360 степени“ потврдува дека во моментот прибираат докази во рамки на предистрагата отворена за случајот со софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81 000 евра што го набави поранешниот генсек на Владата, Драги Рашковски.
Претреси се вршат во фирмата „Инвока гроуп“ и во домот на сопственикот на фирмата од која Владата го набави софтверот.
„360 степени“ објави за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што Рашковски го купил од „Инвока гроуп“, наводно за потребите на Министерството за внатрешни работи, иако оттаму тврдат дека ниту знаеле за набавката ниту, пак, планираат да го користат. „360 степени“ откри и дека токму Рашковски е сопственик на патент за сличен систем, а во низата стории на оваа тема објавивме и други спорни околности околу овој случај.
Случајот го испитува и Антикорупциската комисија.