Шведска и соседна Финска интензивно разговараат за можноста за влез во НАТО од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари, поради што Русија неколкупати ги предупреди
Руски воен авион накратко го нарушил шведскиот воздушен простор, објави доцна синоќа шведската армија.
Авионот АН-30 претходната ноќ прво бил источно од данскиот остров Борнхолм во Балтичкото Море, а потоа полетал кон шведска територија.
Тој го нарушил шведскиот воздушен простор јужно од провинцијата Блекинге во југоисточна Шведска, а потоа ја напуштил областа.
Шведски борбени авиони го следеа инцидентот и го фотографираа рускиот авион. Четири руски борбени авиони накратко го нарушија шведскиот воздушен простор на почетокот на март.
Шведска и соседна Финска интензивно разговараат за можноста за влез во НАТО од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари, поради што Русија неколкупати ги предупреди.