Руската војска објави дека утре ќе отвори хуманитарен коридор од опколената челичарница Азовстал, пренесува Ројтерс.
Коридорот ќе биде отворен три дена, а рутите за евакуација ќе бидеат отворени од 8 наутро до 18 часот по руско време, информираше руската војска.
Во овој период се очекува руските сили да ги прекинат воените активности и да ги повлечат силите на безбедна оддалеченост.
Украина се уште не се огласи во јавноста во врска со овие информации на руската војска.