Руската војска денеска информираше дека е подготвена во секој момент да го испочитува примиерјето во целиот или во дел од индустрискиот комплекс Азовстал, каде што се наоѓаат последните украински бранители на Мариупол.
„Хуманитарното примирје ќе започне кога украинските вооружени сили ќе истакнат бели знамиња на целиот или на дел од Азовстал“,
се вели во соопштението на руското министерство за обдрана.
Оттаму тврдат дека евакуираните цивили ќе можат да одберат дали ќе заминат на регионите под украинска или руска контрола, односно дека ќе се постапи добро со украинските војници и оние кои се ранети ќе бидат згрижени.
„Оваа хуманитарна иницијатива на Руската Федерација ќе важи 24 часа“,
додаваат од Министерството, напоменувајќи дека автобоси, автомобили, како и возила на итната медицинска помош се подготвени за превоз на луѓе.
Претходно руското МНР соопшти дека се отворени хуманитарните коридори за борците во Азовстал и цивилите заглавени таму.