Русија е подготвена да го прекине огнот за да им овозможи на борците во челиларницата Азовстал во украинскиот град Мариупол да ја напуштат фабриката заедно со цивилите кои се уште таму, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, пренесе Ројтерс.
Министерството соопшти дека тврдењата на Украина и некои западни земји за тоа дека Русија ги спречува цивилите да го напуштат градот се неосновани и лажни.
Претходно градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, повика на целосна евакуација на овој град, за кој Русија вчера соопшти дека го заземала.
Бојченко обвини и за постоење на масовни гробници во Мариупол, истакнувајќи дека во нив се наоѓаат тела на околу 9 000 цивили убиени од страна на руските сили.