Украина денеска го повика највисокиот суд на Обединетите нации да ѝ наложи на Русија да ја запре инвазијата тврдејќи дека Москва го оправдува нападот врз основа на погрешно толкување на Конвенцијата за геноцид
Русија одби да присуствува на денешното сослушување во Високиот суд на ОН каде што Украина бара итна наредба за прекин на конфликтот, рече главниот судија.
„Судот жали поради непојавувањето на Руската Федерација во овие усни постапки“,
рече претседателката Џоан Доногју и додаде дека местата резервирани за руски адвокати во Меѓународниот суд на правдата беше празен денеска наутро кога беше отворено сослушувањето.
Претседателката на судот, американската судијка Доногју, рече дека рускиот амбасадор во Холандија ги информирал судиите дека неговата влада немала намера да учествува во усната постапка.
Украина денеска го повика највисокиот суд на Обединетите нации да ѝ наложи на Русија да ја запре инвазијата тврдејќи дека Москва го оправдува нападот врз основа на погрешно толкување на Конвенцијата за геноцид.
Тужбата на Украина поднесена до Меѓународниот суд на правдата (МСП) се фокусира на толкувањето на Конвенцијата за спречување и казнување на геноцидот од 1948 година, договор потпишан од двете земји, а во тужбата се наведува дека дека руското тврдење за геноцид не е точно и оти Путин нема правно оправдување за инвазијата.