Од средината на 2022 година руската влада со помош на приватни воени компании ги вклучува затворениците во борбени операции нудејќи им амнестија, финансиски плаќања и други привилегии
До ноември 2024 година Русија мобилизирала од 140 до 180 илјади затвореници на боиштата против украинските сили. Ваквите информации ги соопшти украинската Служба за надворешно разузнавање и посочи дека бројот на затвореници во руските затвори драстично се намалува.

Заклучно со ноември минатата година, според информациите на украинската Служба, во руските казнени колонии отслужувале околу 300 до 350 луѓе.
„Ова е половина од бројот на затворениците што отслужувале казна во руските колонии во 2014 година. Причината за ова намалување е нивната вмешаност во војната“,
велат од Службата.
Регрутирањето затвореници во Русија стана вообичаена практика за време на војната против Украина.
Од средината на 2022 година, руската влада, со помош на приватни воени компании ги вклучува затворениците во борбени операции нудејќи им амнестија, финансиски плаќања и други привилегии.
Ова наиде на осуда од организациите за човекови права. Многумина од затворениците загинаа во борбените операции поради недоволна обука.