Тимот од тројца независни експерти денеска го претставил својот прв устен извештај пред Советот за човекови права на ОН, откако тој започна првични истраги во областите на регионите околу Киев, Чернихив, Харков и Суми. Во извештајот се додава дека тимот ќе ги прошири своите истраги
Обединетите нации (ОН) денеска соопштија дека нивниот тим на истражители излегол со заклучок дека Русија извршила воени нзлосторства во Украина, вклучувајќи бомбардирања на области со цивили, бројни егзекуции, мачења и ужасни сексуални насилства, пренесува „Гардијан“.
Истрагата за кршење на човековите права стана приоритет на ОН, откако највисокото тело на светската организација за човекови права во мај одлучи експертски тим да започне со работа во Украина.

Оттогаш, како што наведува британскиот весник, истражителите на ОН ги ризикуваа сопствените животи за да соберат докази за злосторства извршени врз цивили, вклучително и во областите сè уште загрозени од непријателските сили и области со мински полиња.
Тимот од тројца независни експерти денеска го претставил својот прв устен извештај пред Советот за човекови права на ОН, откако тој започна првични истраги во областите на регионите околу Киев, Чернихив, Харков и Суми. Во извештајот се додава дека тимот ќе ги прошири своите истраги.
Како што пренесува „Гардијан“, тимот истражители посетил 27 градови и населби во Украина, како и гробници и центри за притвор и тортура.
Интервјуирани биле повеќе од 150 жртви и сведоци, а тимот се сретнал и со групи кои ги застапуваат жртвите и со владини претставници.
Еден од последните случаи кој ја шокираше светската јавност беше масовната гробница со 440 тела што украинските власти ја пронајдоа во североисточниот град Изјум кој пред десетина дена беше ослободенво контраофанзивата на украинските војска против руските сили. Во гробницата, како што беше соопштено, имало и тела на луѓе убиени од гранатирањата и воздушните напади.
Претходно во април во градот Буча во близина на Киев беа пронајдени стотици тела на убиени цивили што ги отвори сомнежите за извршени воени злосторства од страна на руската војска за време на окупацијата на овој регион.