Во текот на изминатата деценија, за време на претседателот Владимир Путин, Русија ги заостри мерките против изразувањето на сексуалната ориентација и родов идентитет
Русија го додаде движењето за правата на ЛГБТ-заедницата на листата на екстремистички и терористички организации, објавија денеска државните медиуми. Овој потег е во согласност со одлуката на рускиот Врховен суд минатиот ноември дека ЛГБТ-активистите треба да бидат прогласени за екстремисти, што ги натера претставниците на хомосексуалците и трансродовите лица да кажат дека стравуваат оти тоа може да доведе до апсење и кривично гонење.
За пописот е одговорна агенцијата „Росфинмониторинг“ која има овластување да ги замрзне банкарските сметки на повеќе од 14 000 поединци и субјекти кои се означени како екстремисти и терористи. Списокот е разновиден, вклучувајќи ги Ал Каеда, американскиот технолошки гигант „Мета“ и соработниците на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални.
Списокот сега го вклучува и „меѓународното ЛГБТ-социјално движење и неговите организациски единици“, објави државната новинска агенција РИА.
Во текот на изминатата деценија, за време на претседателот Владимир Путин, Русија ги заостри мерките против изразувањето на сексуалната ориентација и родов идентитет.
Донесени се и закони кои забрануваат промовирање на „нетрадиционални“ сексуални односи и забрануваат правна или медицинска промена на полот.