САД соопштија дека очекуваат Русија да изврши пробни лансирања на проектили за време на годишните вежби „Гром“ на нивните стратегиски нуклеарни сили, истакнувајќи дека во минатото истрелувале интерконтинентални балистички ракети
Русија ги известила САД за нивните планови да спроведат годишни вежби на своите нуклеарни сили, соопшти во вторникот американската влада, пишува Ројтерс.
САД соопштија дека очекуваат Русија да изврши пробни лансирања на проектили за време на годишните вежби „Гром“ на нивните стратегиски нуклеарни сили, истакнувајќи дека во минатото истрелувале интерконтинентални балистички ракети.
Според новиот договор „Старт“, Русија е обврзана да обезбеди однапред известување за таквите лансирања на ракети, велат американските власти.
„САД се известени и, како што нагласивме претходно, ова е рутинска годишна вежба од страна на Русија“,
рече портпаролот на американските воздухопловни сили, генерал Патрик Рајдер, на прес-конференција.
Рајдер одби да даде дополнителни детали.
Русија пред Советот за безбедност на Обединетите нации ја обвини Украина дека се подготвува да употреби „валкана бомба“, експлозивна направа што содржи радиоактивен материјал, и поради тоа изрази загриженост на состанокот зад затворени врати.
Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ) се подготвува да испрати истражители во наредните денови на две локации во Украина на барање на Киев, како одговор на руските тврдења за „валкана бомба“.
Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори обвинувајќи ја Русија дека таа планира таков напад.
Американскиот претседател Џо Бајден повторно ја предупреди Москва да не користи нуклеарно оружје бидејќи тоа би било сериозна грешка.
„Нема гаранции дека станува збор за т.н. операција под лажно знаме, а секое распоредување на нуклеарно оружје би било сериозна, сериозна грешка“,
рече американскиот претседател во вторникот.