Заменик градоначалникот на градот, тврди и дека Русија нападнала и конвој со цивили кои се евакуирале од градот и биле на пат кон Запорожје. Во овој напад, според заменик-градоначалникот, ранети се пет цивили, меѓу кои и едно дете
Руските сили бомбардирале театар во градот Мариупол во кој биле засолнети стотици цивили, тврди украинската страна.
Во објектот имало помеѓу 1 000 и 2 000 цивили, а бројот на жртви сè уште не е познат, изјавил заменик-градоначалникот на овој град, Серхи Орлов, за Би-би-си од каде велат дека медиумот самостојно не можел да ја потврди информацијата.
Исто така, Орлов тврди и дека Русија нападнала и конвој со цивили кои се евакуирале од градот и биле на пат кон Запорожје. Во овој напад, според заменик-градоначалникот, ранети се пет цивили, меѓу кои и едно дете.
Мариупол е опколен од руските сили, а околу 300 000 луѓе се заробени во градот без вода, струја или гас. Според извештаите на западните медиуми, храната и медицинските резерви се при крај, а Русија не дозволила испорака на хуманитарна помош.
Градот е мета на руското гранатирање од почетокот на инвазијата, а цели населби во него сега е претворени во пустош. Минатата недела беше бомбардирана и болница при што имаше и пет жртви.