Претседателот на Ромската интерпарламентарна организација Срџан Шајн изрази сочувство за смртта на Амди Бајрам, кој почина денеска на 64-годишна возраст.
„Ромската интерпарламентарна организација (РИПО) изразува најдлабоко жалење, бидејќи загуби свој истакнат член и еден од основачите“,
се наведува во изјавата на Шајн
Се нагласува дека Амди Бајрам дал голем придонес за вклучувањето на Ромите во демократските процеси на одлучување во Македонија, но и на меѓународен план и дека неговата смрт е голема загуба за меѓународното Ромско движење.
„Потсетуваме дека Амди Бајрам еден од основачите на РИПО беше првиот претседател на Собранието на оваа организација, во која членуваат Ромите избрани во националните и регионалните парламенти во Европската Унија“,
се наведува во изјавата на Шајн, претседателот на Ромската интерпарламентарна организација, со седиште во Виена.