Пред две недели, семејството Бајрам во Истанбул правеше свадба со повеќе од 200 гости од Македонија
Поранешниот пратеник Амди Бајрам бил позитивен на ковид-19, потврди за „360 Степени“ извор од здравствените власти.
Бајрам беше тестиран посмртно, откако денеска во болницата „Жан Митрев“ бил донесен починат.
Пред две недели, во Истанбул тој правеше свадба за внука си со повеќе од 200 гости од Македонија.
Претходно за „360 степени“ изјави дека поради мерките за заштита од ковид-19 решиле да ја откажат свадбата која првично беше закажана во ресторан во Шуто Оризари.