Сепак, разговорите на самитот, како што рече, сè уште се во тек и во моментов не може да се каже какви заклучоци ќе произлезат од документот
Повикувајќи се на неодамнешната порака на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дадена за време на неговата посета на Скопје, нагласи дека обврските преземени во 2022 година, вклучително и договорените уставни измени, треба да бидат спроведени како дел од евроинтегративниот процес на земјата
Евроамбасадорот Михалис Рокас смета дека сè уште е рано да се прогнозира каков ќе биде конечниот исход од француско-германскиот нон-пејпер, кој е презентиран на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват.

Според него, разговорите на самитот сè уште се во тек и во моментов не може да се каже какви заклучоци ќе произлезат од документот.
Посочи дека иницијативата претставува обид за поедноставување на процедурите и забрзување на процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку постепено воведување на неопходните чекори за интеграција.
„Мислам дека ова е обид да се отстрани администрацијата за да се забрза процесот и да се олесни со тоа што постапно ќе се воведуваат сите потребни постапки за пристапување на Западен Балкан во Европската Унија“,
изјави евроамбасадорот Рокас, кој денеска заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изврши увид во градежните работи на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова Нога“ – „Лемос“.
Претходно, за време на паузата од 23. Конференција на парламентарните комисии за европска интеграција и прашања на земјите учеснички во процесот на стабилизација и асоцијација во Југоисточна Европа (КОСАП), рече дека Европската Унија останува силно посветена на отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и дека нема дилеми оти земјата припаѓа на европското семејство.
Повикувајќи се на неодамнешната порака на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дадена за време на неговата посета на Скопје, нагласи дека обврските преземени во 2022 година, вклучително и договорените уставни измени, треба да бидат спроведени како дел од евроинтегративниот процес на земјата.
Рокас изрази надеж дека нашите соседи заедно со ЕУ ќе бидат доста конструктивни во наредните денови и месеци, додека Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за почеток на пристапните преговори.
Во пресрет на Самиотот, Германија и Франција подготвија нон-пејпер насловен „Нов моментум за проширувањето“, кој претставува своевидна разработка на писмото што германскиот канцелар Фридрих Мерц неодамна го упати до првите луѓе на институциите на ЕУ. Но, ако две третини од писмото на Мерц беа посветени на Украина, нон-пејперот се однесува целосно на државите од Западен Балкан и на Молдавија.
Документот доаѓа како основа за дискусија на денешниот Самит во Црна Гора. Во него, меѓу другото, се наведува дека новиот пристап би понудил непосреден и опиплив напредок за сите кандидати, а намерата не е ниту да го замени полноправното членство ниту да го продолжи патот до него, туку да создаде поттикнувања што ќе овозможат побрз напредок по тој пат.
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е исклучително задоволен од средбата што денеска ја оствари со германскиот канцелар Фридрих Мерц пред почетокот на пленарната седница на Самитот ЕУ-Западен Балкан.
На средбата, како што рече одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Самитот, се разговарало и за нон-пејперот на Германија и Франција со кој се промовира т.н. постепена интеграција за земјите кандидати.
