Оваа одлука е историска и уште еднаш ја покажува различноста и талентот на нашата партија. Риши ја има мојата целосна поддршка, се вели во изјавата на Пени Мордон која ја повлече својата кандиадтура за британска премиерка

Риши Сунак ќе биде новиот британски премиер откако Пени Мордон најави дека ја повлекува својата кандидатурата и му даде поддршка на противкандидатот Сунак.
„Нашата партија е нашето членство. Без разлика дали сме избрани претставници, активисти, собирачи на средства или поддржувачи. Сите ние имаме удел во тоа кој е нашиот лидер. Ова се времиња без преседан. И покрај компресираниот распоред за лидерскиот натпревар, јасно е дека колегите чувствуваат дека ни е потребна сигурност денес. Тие ја донесоа оваа одлука со добра волја за доброто на земјата. Членовите треба да знаат дека овој предлог е праведно и темелно тестиран. Како резултат на тоа, сега го избравме нашиот следен премиер. Оваа одлука е историска и уште еднаш ја покажува различноста и талентот на нашата партија. Риши ја има мојата целосна поддршка“,
се вели во изјавата на Мордон.
Таа додава дека е горда на кампањата што ја водела и им се заблагодари на сите оние, од сите страни на партијата, кои и дале поддршка.
„Сите ѝ должиме на земјата, еден на друг и на Риши да се обединиме и да работиме заедно за доброто на нацијата. Има многу работа да се заврши“,
додава Мордон.
Сунак ќе ја замени Трас, која беше принудена да поднесе оставка откако започна економска програма која доведе до превирања на финансиските пазари.