Пописот во Албанија, кој почна на 18 септември годинава, а кој според најавите треба да заврши за шест недели, односно на 30 октомври, овие два дена е во фокусот и на македонската јавност. Денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи упати порака до Македонците во Албанија на пописот слободно да ја изразат и да ја потврдат својата етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност. Пораката на Османи доаѓа откако вчера претседателот на бугарската организација Фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, преку објава на Фејсбук упати порака до жителите на Општина Пустец дека ако на пописот не се регистрираат како етнички Бугари, бугарските пасоши ќе им бидат повлечени во најкус рок
„360 степени“ во октомври минатата година, откако медиумите јавуваа дека Бугарија создава малцинство во Албанија на сметка на Македонците, а бугарските медиуми, пак, дека Бугарите во Албанија бараат помош од Софија, беше на терен за изворно да ја регистрира атмосферата во Пустец, Албанија. Во продолжение може да го погледнете видеото кое е објавено на 20 септември 2022 година