„360 степени“ пред три месеци објави репортажа откако наша екипа неколку дена ги следеше и регистрираше случувањата околу популарниот струшки затвор. ВИП-станарите ги немаше меѓу оние што излегуваат наутро за да одат на работа и се враќаат навечер за да преспијат. Директорот Ваљон Ќура, кадар на ДУИ, тогаш кажа дека одговорно може да тврди оти привилегирани осуденици нема, како и дека куќниот ред целосно се почитува
Кривичниот суд во Скопје и Казнено-поправниот дом од Струга цел ден водат преписка на јавна сцена за тоа чија е вината што ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, денеска не бил спроведен на рочиште за предметот „Титаник 2“.
Директорот на струшкиот затвор, Ваљон Ќура, кадар на ДУИ, тврди дека техничка грешка на Основниот кривичен суд Скопје е причината што Мијалков не бил спроведен во Скопје, односно дека погрешни датуми наведни во наредбата за спровод од струшкиот затвор го одложија планираното судско рочиште.
Од Судот, пак, попладнево објавија фотографии од повратницата од доставената наредба за спровод на Мијалков на денешното рочиште, која, како што велат оттаму, покажува кога треба да се изврши спроводот, односно дека нема никаква грешка со датумите, како што тврди директорот на струшкиот затвор.
За денешното одложување на рочиштето реагираа и од Коалицијата „Сите за правично судење“, а Управата за извршување на санкции најави вонреден инспекциски надзор во затворот.
Мијалков е на издржување на тригодишната затворска казна во струшкиот затвор откако се спогоди со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во случајот „Империја“.
„360 степени“ пред три месеци објави репортажа, откако наша екипа неколку дена ги следеше и регистрираше случувањата околу популарниот струшки затвор. ВИП-станарите ги немаше меѓу оние што излегуваат наутро за да одат на работа и се враќаат навечер за да преспијат. Директорот Ваљон Ќура тогаш кажа дека одговорно може да тврди оти привилегирани осуденици нема, како и дека куќниот ред целосно се почитува. Видеото може да го погледнете во продолжение.