Бугарскиот културен центар „Иван Михајлов” во Битола кој беше опожарен на почетокот на јуни е обновен. Трошоците за санација на причинетата штета во висина од 10 илјади евра ги надоместила фондацијата „Бугарска меморија”, јавува бугарското национално радио (БНР) . Обвинет за палењето на објектот е пејачот Ламбе Алабаковски.
Фондацијата „Бугарска меморија” е основниот донатор на културниот центар и таа ги покрива месечните расходи и обезбедува средства за набавка на учебни помагала и за работа на бугарското училиште во рамки на центарот, се вели во информацијата на БНР.