Кина има најмногу затворени новинари, дури 50, потоа следуваат Мјанмар со 26, Египет со 25, Виетнам со 23 и Белорусија со 19, наведува Комитетот за заштита на новинарите
Рекорден број од 293 приведени новинари ширум светот е регистриран годинава, се наведува во новиот извештај на непрофитниот Комитет за заштита на новинарите (CPJ). Најмалку 24 новинари се убиени при известување, а други 18 загинале, но во околности што го отежнуваат утврдувањето дали биле цел поради нивната работа, објави CPJ во своето годишно истражување за слободата на медиумите и нападите врз медиумите.
Кина има најмногу затворени новинари, дури 50, потоа следуваат Мјанмар со 26, земјата во која новинарите најмногу беа апсени во воениот удар од 1 февруари и во екот на пресметките на воената хунта со демократските протести, потоа Египет со 25, Виетнам, со 23 и Белорусија со 19, наведува СPЈ.
Рекордниот број приведени новинари генерално се должи на растечката нетолеранција кон независното известување и политичките превирања ширум светот, иако причините за затворање на новинарите варираат од земја до земја, објавуваат од СРЈ.
„Бројот одразува два нераскинливи предизвици – владите се решени да контролираат и управуваат со информациите и тие се сè подрски во напорите да го сторат тоа“,
се наведува во извештајот.