Од ЕСМ велат дека исклучувањето е плански испланирано со цел да се спроведат планираните активности за санација на неколку позиции во комбинатот. Санацијата е предвидено да трае неколку недели
Рударско-енергетски комбинат (РЕК) „Осломеј“ од утринава е исклучен од мрежа.
Од „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) информираат дека исклучувањето е плански испланирано, со цел да се спроведат планираните активности за санација на неколку позиции во комбинатот.
„Во следните неколку недели во РЕК ‘Осломеј’ планирани се активности за санација на млинови, на кондензатор, издувни канали. Останува отворена и можноста за брзо ставање во функција на термоцентралата во зависност од потребите на електроенергетскиот систем на државата“,
се вели во соопштението од АД ЕСМ.
Во меѓувреме, додаваат оттаму, сите други капацитети на ЕСМ продолжуваат со работа.