Владини извори велат за „360 степени“ дека од новиот мандатар зависи кадровскиот состав на идната влада, односно дали сите други министри ќе останат во ресорите што ги раководеа во изминатата една и пол година или, пак, ќе има одредени смени или ротации. Ова особено се однесува на министрите од СДСМ, од чии редови е биде идниот мандатар како лидер на партијата
Можна е смена и на други министри кои беа дел од владиниот кабинет на Зоран Заев по договорот меѓу СДСМ и Алтернатива, кој, всушност, подразбира формирање нова влада со друг мандатар, откако на 12 декември ќе биде избран нов лидер на СДСМ.
Во овој момент извесно е само дека Венко Филипче од СДСМ и Јетон Шаќири од ДУИ заминуваат од министерските места во здравство и во информатичко општество и администрација, бидејќи тие места ќе ѝ припаднат на Алтернатива, која како нов коалициски партнер во Владата „избоксува“ и едно министерско место без ресор.
Владини извори велат за „360 степени“ дека од новиот мандатар зависи кадровскиот состав на идната влада, односно дали сите други министри ќе останат во ресорите што ги раководеа во изминатата една и пол година или, пак, ќе има одредени смени или ротации. Ова особено се однесува на министрите од СДСМ, од чии редови е биде идниот мандатар како лидер на партијата. ДУИ, пак, би носела одлука за своите министри, иако, според нашите соговорници, интенцијата е двете најголеми партии да ги задржат ресорите што досега ги раководеа, со исклучок на отстапките што ги направија во МЗ и во МИОА, а во корист на Алтернатива.
Исто така, прашање е на која партија ќе ѝ припадне министерското место во земјоделство, по оставката на Адријанит Хоџа, односно по излегувањето на Беса од Владата.
Од новиот мандатар зависи и дали ќе има други министри без ресор, освен еден од Алтернатива (задолжен за дијаспората) за разлика од владата во заминување во која тие позиции беа исклучени. Наспроти тоа, во претходниот кабинет на Заев (2017-2020) имаше седум министри без ресор. Во овој кабинет, пак, што беше избран на крајот на август минатата година, беа воведени две нови потпретседателски позиции, односно прв вицепремиер (Артан Груби) и вицепремиер за борба против корупцијата, човечки ресурси и одржлив развој (Љупчо Николовски).
На 31 август, со 62 гласа „за”, 51 „против” и ниту еден воздржан, Собранието ја изгласа новата влада на Заев, во која влегоа 11 министри од СДСМ и 6 од ДУИ, додека Беса (тогаш со четворица пратеници) и ЛДП (со двајца пратеници) добија по едно министерско место, во земјоделство и во локална самоуправа.
Ноќта на 31 октомври, по завршувањето на локалните избори, Заев најави оставки на лидерската позиција во СДСМ, како и на премиерското место. За разлика од оставката во СДСМ, која е веќе ефектуирана, Заев рече дека ќе почека да биде избран неговиот наследник на лидерската функција во партијата пред да ја поднесе и премиерската оставка во Собранието. Чекајќи го идниот мандатар, Заев договори со Африм Гаши влегување на Алтернатива во Владата, со што парламентарното мнозинство во иднина би броело од 64 до 65 гласа, вклучително со Кастриот Реџепи, кој досега ги бранеше боите на Беса во парламентот.