Светската здравствена организација (СЗО) вечерва соопшти дека во изминатите 24 часа повеќе од 427 000 луѓе во светот се разболеле од ковид-19, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата надмина 113 800 милиони.
Вкупно 2 524 780 пациенти починале од почетокот на пандемијата.
Бројот на пациенти денеска е најголем во Северна и Јужна Америка (183 039 случаи), што е 42 проценти од вкупниот број, додека во Европа се регистрирани 172 843 нови случаи.