Во последното деноноќие нови позитивни на ковид се 115 случаи, а како оздравени се регистрирани 225 лица што е двојно поголема бројка отколку новодијагностицираните. Новите случаи се потврдени од вкупно 1 825 тестирања во изминатите 24 часа.
Во истиот период три лица починаа, две од Скопје и едно од Струга, сите во болнички услови.
Денеска најмногу оздравени има во Скопје или 146 пациенти, во Куманово има 15, а по 10 оздравени има во Тетово, Битола и Гостивар. Струмица денеска регистрираше шест оздравени, а во Штип и Кичево по пет. По тројца оздравени има во Кавадарци, Пробиштип и Демир Хисар, по двајца во Прилеп и Неговино, а по едно лице е регистрирано и во Струга, Охрид, Радовиш, Валандово и Виница.
Од новорегистрираните случаи на ковид денеска најмногу има во Скопје-32, потоа во Штип – 14, Гостивар -11 и Тетово – 10. Во Берово и Дебар има по осум нови случаи, Во Куманово седум и четири во Свети Николе. По тројца нови сличаи на ковид има во Кичево, Делчево, Крива Паланка, Гевгелија и Охрид, по двајца во Велес и Прилеп и по еден во Кочани и Пробиштип.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13 308, бројката на оздравени пациенти е 9 977, на починати е 557, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 774.