Тој ја истакна важноста на отворањето на процесот на преговори на С Македонија и на Албанија со Европската Унија, што албанскиот премиер го оцени како голем исчекор напред
Од овој аспект, додаде тој, Албанија и Северна Македонија направија подготовки обидувајќи се да се проектираат во иднината, во контекст на Западен Балкан, како наш регион и ЕУ како наша дестинација
Албанскиот премиер Еди Рама на заедничката седница меѓу владите на двете земји што се одржува во Скопје истакна дека регионот нема друг пат на соочување со предизвиците и тешкотиите – од климатските промени до конвенционалните војни – освен соработката, создавањето нови синергии и „адаптирање со една ситуација каде што сите ние во регионот сме многу мали, а имаме многу да направиме едни со други“.
Тој ја истакна важноста на отворањето на процесот на преговори на С Македонија и на Албанија со Европската унија, што албанскиот премиер го оцени како голем исчекор напред.
„На 6 декември во Тирана ќе се одржи самит на ЕУ со Западен Балкан и ние ќе бидеме таму заедно. Верувам дека таму ќе направиме исчекор повеќе, со цел Унијата да не вклучи повеќе во сите напори за да се организираме во пресрет на високите цени на електрична енергија и инфлацијата. Од друга страна, да изградиме заеднички план што ќе ни даде можност да гледаме подалеку од оваа фаза што е многу тешка, мрачна и која мораме да ја надминеме“,
рече Рама.
Од овој аспект, додаде тој, Албанија и Северна Македонија направија подготовки обидувајќи се да се проектираат во иднината, во контекст на Западен Балкан, како наш регион и ЕУ како наша дестинација.
„Верувам дека Отворен Балкан ни даде нови можности да гледаме подалеку во однос на вчера за да разбереме како можеме да ја надминеме денешнината и истовремено да проектираме иднина што максимално ќе ги зголеми способностите на нашите земји да се здобијат со поголем простор отколку што е нашиот простор географски сега“,
истакна Рама.
Тој потсети на резултатите направени во рамки на Отворен Балкан и посочи дека ќе продолжат да го поддржуваат Берлинскиот процес бидејќи, како што кажа, тие два процеси се поврзани еден со друг.
„Дојдено е времето да се проектираме повеќе со поголема сила и со поголеми амбиции и после воениот период на време да го добиеме максимумот, со способноста да се создаде поцелосна синергија во европската заедница. Поддршката добиена од ЕУ за нашите буџети од аспект на соочување со кризата, со цената на енергијата е една добра вест, но од друга страна, доколку имаме предвид дека тие фондови се реалоцирање на ИПА тогаш треба да бидеме уште поамбициозни“,
оцени албанскиот премиер во обраќањето на заедничката владина седница во Скопје.
Премиерот Димитар Ковачевски и македонската владина делегација претходно официјално ги пречекаа Рама и албанската владина делегација пред платото на Владата, со највисоки државни и воени почести.
По официјалниот пречек, премиерите Ковачевски и Рама, имаа тет-а-тет средба, по што ќе одржат меѓувладината седница на која ќе има и дискусија помеѓу владините делегации на двете држави.
На денешната седница ќе бидат потпишани договори и меморандуми помеѓу министрите на двете држави, кои се однесуваат на зацврстување на соработката во повеќе сегменти.
По завршувањето на меѓувладината седница, премиерите Ковачевски и Рама ќе одржат заедничка прес-конференција.