Вкупно 11 лица од Радовиш се обвинети дека не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на земјава, односно полицискиот час.
Еден од нив пеш, а другите со возила се движеле во Радовиш и околината, со што не постапиле според мерките за спречување појава, рано откривање, спречување на ширење или сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот.
Поради стореното кривично дело од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Радовиш до судот поднесе предлози за издавање казнени налози за сите обвинети со предлог да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби.