„Оваа година го славиме празникот додека во срцето на Европа одекнуваат експлозии… Нашите домови, нашите деца, нашата татковина и природата можат да станат жртви на оваа ескалација…“, порача Радев
Ризикот војната да ескалира како паневропска, па дури и глобална е реален, порача претседателот на Бугарија Румен Радев во обраќањето по повод Први мај.
„Има политичари кои се подготвени на таков опасен чекор – да ја загрозат иднината на Бугарија во интерес на нивните себични цели“,
Шефот на бугарската државата повика да не се дозволи „да се шират воените страсти во државата“.
„Војната е најголемиот непријател на трудот. Уништувањето го брише создавањето. Она што е градено со векови исчезнува за неколку секунди. Оваа година го славиме празникот додека во срцето на Европа одекнуваат експлозии… Бугарија веќе трпи индиректни штети од оваа војна во енергетиката и економијата. Зголемувањето на цените тоне се повеќе Бугари под прагот на сиромаштија. Ризикот војната да ескалира како паневропска, па дури и глобална е реален. Нашите домови, нашите деца, нашата татковина и природата можат да станат жртви на оваа ескалација“,
рече Радев.