Според директорот на Бирото за истрага во Џорџија, Крис Хоси, приведено е 14-годишно момче, осомничено за масовното пукање во средното училиште
Најмалку четири лица загинаа, а околу 30 лица се повредени во пукање во средно училиште во Виндер во американската држава Џорџија, пренесува Си-ен-ен.
Според директорот на Бирото за истрага во Џорџија, Крис Хоси, приведено е 14-годишно момче, осомничено за масовното пукање во средното училиште.
„Убиени се двајца наставници и двајца ученици. Оние што се здобиле со повреди се пренесени во болниците“,
изјави тој.
Училиштето претходно добило телефонска закана, пренесува Си-ен-ен, повикувајќи се на извори од полициски служебеници што го испитуваат случајот.
Не е познато кој го упатил повикот.
Училиштата во округот Бароу ќе бидат затворени до крајот на неделата.
Белата куќа преку соопштението рече дека претседателот Џозеф Бајден е известен за пукањето и дека неговата администрација ќе остане во контакт со федералните, државните и локалните власти за повеќе информации.