Во напад со огнено оружје во Чикаго убиени се две лица, а најмалку 15 се повредени. Како што јавува Ен-би-си, пукањето се случило во импровизиран бар каде се одржувала забава со повеќе лица.
„Засега не го знаеме н=мотивот за нападот и не знаеме зошто се одржувала забавата. Но, откако ќе ги завршиме испитувањата со одредени лица ќе имаме повеќе детали да соопштиме“,
велат од полицијата, пренесува Ен-би-си.
Нападот се случил околу 4 часот наутро по локално време, а луѓето кои присуствувале на забавата биле на возраст од 20 до 44 години. Повредените се пренесени во болница, а дел од нив се наоѓаат во критична состојба.
Осомничениот сè уште не е притворен, а истрагата е во тек.