Не е познат идентитетот на убиениот. Полицијата соопшти дека полицајците на терен забележале лице кое изгледало дека носи оружје. Имало пукање во кое едно лице е убиено. Полицајците не се повредени
Утрово во центарот на Минхен, во близина на Нацистичкиот центар за документација и Генералниот конзулат на Израел, дошло до пукање, при што едно лице било убиено.
„Во областа Каролиненплац, полициските сили пукаа кон сомнително лице и лицето беше погодено“,
извести полицијата на социјалната мрежа Икс.
Das sind die ersten gesicherten Erkenntnisse im Zusammenhang mit dem laufenden Einsatz:
— Polizei München (@PolizeiMuenchen) September 5, 2024
– Im Bereich Karolinenplatz kam es zu Schussabgaben durch polizeiliche Einsatzkräfte auf eine verdächtige Person, die Person wurde hierbei getroffen.
-Der Einsatzraum ist großräumig abgesperrt
Не е познат идентитетот на убиениот. Полицијата соопшти дека полицајците на терен забележале лице кое изгледало дека носи оружје. Имало пукање во кое едно лице е убиено. Полицајците не се повредени.
Засега нема информации за можни други осомничени. Полицијата ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа. Сообраќајот е блокиран на местото на настанот.
На социјалните мрежи е објавено видео на кое се слушаат бројни истрели.
Schüsse vor dem israelischen Generalkonsulat in München. Das NS-Dokuzentrum ist direkt nebenan. pic.twitter.com/k1r819o9Rj
— Ronen Steinke (@RonenSteinke) September 5, 2024
Германската полиција соопшти дека на социјалните мрежи веќе се шират дезинформации. Тие ги повикаа граѓаните да не учествуваат во ширење лажни информации и да не објавуваат снимки.