Според извештаите на локалните медиуми, се трага по осомничените кои можеби се во тунелите на метрото
Белгиската полиција трага по вооружени лица по пукање пријавено во една од подземните станици во главниот град, пренесува Би-би-си.
Пукањето се случило во близина на метро-станицата Клемансо во Брисел. Пукањето предизвикало хаос на линиите на метрото и трамвајот.
Би-би-си, повикувајќи се на снимка објавена од ЦЦТВ, пишува дека се гледаат најмалку двајца мажи кои носат капа и оружје на влезот од станицата Клемансо.
Федералната полиција, како и железничката полиција и другите единици, повикаа на засилување во областа.
„Политико“ пишува дека дел од линиите во бриселското метро и трамвајот се во прекин, а некои од станиците се затворени.
Според извештаите на локалните медиуми, осомничените можеби се во тунелите на метрото.
„Се случи пукање. Сликите од надзорните камери покажуваат дека осомничените побегнале кон метро-станицата Клемансо. Од безбедносни причини моравме да ја затвориме линијата на метрото. Нема жртви“,
вели во изјава за „Политико“, Сара Фредериккс, портпарол на јужната полиција на Брисел.