Прв случај на заболено лице од коронавирус е регистриран во општина Ранковце. Станува збор за маж на возраст од 58 години, потврдуваат од подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Крива Паланка, јавува МИА.
Од општина Крива Паланка досега официјално се потврдени две лица кај кои е утврден коронавирусот. И двете лица претходно престојувале во Државниот завод за рехабилитација, Козле, во Скопје.
Кај едното лице, прв случај на ковид-19 во Крива Паланка вирусот бил потврден за време на неговиот престој во „Козле“, по што е префрлен на Инфективната клиника, додека другото лице е тестиранпо и пуштено во домашна изолација, а резултатите покажале дека е позитивен.
Ова лице се наоѓа во домашна самоизолација во Крива Паланка.