Регистриран е првиот случај на коронавирус во Кочани, во последните 25 потврдени случаи заразени во текот на последното деноноќие.
Од новите случаи, по градови се регистрирани по седум лица во Скопје и Куманово, пет лица во Тетово, по двајца во Прилеп и Струга и по еден случај во Гевгелија и Кочани.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 денеска изнесува 354 лица.
Во изминатото деноноќие направени се 257 теста, од кои 131 тест преку Институтот за јавно здравје, 25 теста преку Ветеринарен факултет, 24 во „Биотек“ и два во клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев). Досега се направени вкупно 3 775 тестирања за ковид-19.
Според местото на живеење, досега случаи на ковид-19 се регистрирани во: Скопје – 183, Куманово – 54, Дебар – 47, Штип – 15, Прилеп – 12, Тетово -13, Струга – 9, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 2, Струмица- 1, Крива Паланка – 1, Кочани – 1.
Прес-конференцијата на министерот за здравство, Венко Филипче е во тек: