Ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години. Пациентката имала претходни заболувања, како хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и гојазност, информира Министерството за здравство.
Во однос на пациентката која почина во неделата наутро во болницата во Струга, а на која посмртно ѝ беше земен брис, тој е позитивен на ковид-19.
Со овие два смртни случаи се зголемува бројот на починати од коронавирус на 11.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 25 нови случаи на коронавирус во земјата.
По градови: Скопје- 7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија -1, Кочани -1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 денеска изнесува 354 лица.
Во изминатото деноноќие направени се 257 теста, од кои 131 тест преку Институтот за јавно здравје, 25 теста преку Ветеринарен факултет, 24 во „Биотек“ и два во клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев). Досега се направени вкупно 3 775 тестирања за Ковид-19.
Според местото на живеење, досега случаи на ковид-19 се регистрирани во:
Скопје – 183
Куманово – 54
Дебар – 47
Штип – 15
Прилеп – 12
Тетово -13
Струга – 9
Велес – 6
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 1
Гевгелија – 2
Струмица- 1
Крива Паланка – 1
Кочани – 1