„Сосема сум свесна дека тоа е лична одлука и дека ние треба да ја почитуваме одлуката на парот што решава да има или да нема деца или, пак, може или не може да има деца. Со таа изјава сакав само да потенцирам дека ситуацијата е алармантна и дека тие што се во можност и ако сакаат можеби можат да им овозможат на своите дечиња да имаат братче или сестриче“, рече министерката
Посочи дека ситуацијата е алармантна, имајќи предвид дека се затворени 148 училишни објекти и се намалени околу 400 паралелки. Според неа, бројот на намалени паралелки можел да биде и двојно поголем, но при носењето на одлуките се внимавало и на други индикатори
Немав намера никого да навредам, туку само да алармирам, рече вечерва министерката за образование и наука Весна Јаневска во гостување во вестите на ТВ Сител објаснувајќи ја нејзината денешна порака до првачињата, во која ги повика да побараат да стекнат братче или сестриче.

„Сосема сум свесна дека тоа е лична одлука и дека ние треба да ја почитуваме одлуката на парот што решава да има или да нема деца или, пак, може или не може да има деца. Со таа изјава сакав само да потенцирам дека ситуацијата е алармантна и дека тие што се во можност и ако сакаат можеби можат да им овозможат на нивните дечиња да имаат братче или сестриче, без намера никого да навредам, ниту да влијаам на личните одлуки“,
рече таа.
Посочи дека ситуацијата е алармантна, имајќи предвид дека се затворени 148 училишни објекти и се намалени околу 400 паралелки. Според неа, бројот на намалени паралелки можел да биде и двојно поголем, но при носењето на одлуките се внимавало и на други индикатори.
„Она што можеби е поважно и треба да се каже е дека нашето население треба да е свесно за ова што се случува во државата. Ако си ја сакаат државата, треба да се потрудат, заедно со сите нас, да ги подобриме условите за живот, за да не продолжи иселувањето и да го стабилизираме демографскиот пад. Се разбира дека тоа треба заеднички да го правиме“,
додаде Јаневска.
Според неа, сите министерства работат во рамки на своите надлежности, со една заедничка цел, а тоа е подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, создавање услови тие да останат во земјата и да можат да изградат пристоен и модерен живот.
Јаневска, на првиот ден од новата учебна година, при посетата на ОУ „Ацо Шопов“ во Радишани во општина Бутел, покрај пораките до учениците да стекнуваат знаење, ги повика најмладите ученици – првачињата да побараат да стекнат братче или сестриче.
Целта на ваквата порака, како што вели, е да се даде акцент за поголема свест кај населението за човечкиот капитал.
