Институциите не го потврдуваат тоа што го кажа премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски во минатонеделното интервју за американскиот конзервативен портал „Брајтбарт“ изјави дека американски воени авиони вклучени во воената операција против Иран секојдневно слетуваат на македонските аеродроми.
„Секој ден авиони на американското воено воздухопловство слетуваат и полетуваат од нашите аеродроми. Некои од нив ги користат нашите аеродроми за паркирање, за малку одмор, а потоа повторно заминуваат кон Заливот“,
изјави Мицкоски.
Тој не откри за какви типови воени авиони станува збор, а изјавата ја даде во контекст на поддршката за американскиот претседател, Доналд Трамп.
Наводите на Мицкоски за македонската поддршка во војната против Иран отворија дилеми како и дали владата може да нуди логистичка поддршка во туѓа војна и дали тоа ја прави земјава легитимна цел, пишува „Призма“.
Новинарското прашање дали со оваа изјава ја загрозил безбедноста на земјата, Мицкоски го прогласи за „несмасно и злонамерно“.
БИРН се обиде да провери дали информациите за авионите се воопшто точни.
Целиот текст може да го прочитате тука.
