Американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека имал телефонски разговор со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Ја повикал Москва да ги ослободи двајцата американски државјани, кошаркарката Бритни Гринер и Пол Вилан.
Во својот прв разговор од стартот на руската агресија врз Украина, освен за размена на затвореници, според Блинкен се говорело и за најавите од Кремљ дека нивната крајната цел е анексија на Украина и уривање на владата на Зелински.
Блинкен, како што јавува МИА повикувајќи се на ДПА, истакнал дека таквите планови се неприфатливи а светот никогаш нема да ја признае анексијата.
„Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина за зајакнување на нејзината способност да се брани и да и нанасе загуби на Русија додека таа не стави крај на својата агресија а на Русија ќе и наметнеме дополнителни и значителни санкции доколку таа продолжи со своите планови“,
соопшти Блинкен.