Дроновите „Скајларк“ се мали беспилотни летала произведени од „Елбит системс“, израелска компанија која произведува воена опрема
Израелскиот противракетен систем „Железна купола“ случајно собори израелски воен дрон за време на неодамнешните борби со Хамас во Појасот Газа, изјавија Израелските одбранбени сили (ИДФ) за локалните медиуми.
Како што изјави портпарол на израелската армија за израелскиот дневен весник „Харец“, „Железната купола“ погодила дрон „Скајларк“, а истрагата за инцидентот е во тек.
Дроновите „Скајларк“ се мали беспилотни летала произведени од „Елбит системс“, израелска компанија која произведува воена опрема.
Тие се користат од единицата „Скај рајдер“ за разузнавачки, набљудувачки и извидувачки мисии, пренесува „Бизнис инсајдер“.
„Харец“ извести дека Израелските одбранбени сили се загрижени за инцидентот, бидејќи се доведува во прашање способноста на системот да се бори подолг временски период без да им наштети на сопствените сили.
Израелската „Железна купола“ е систем за воздушна одбрана со краток дострел, дизајниран за пресретнување ракети, артилериски и минофрлачки оган.
Системот се користи од 2011 година и има за цел да го намали бројот на жртви од ракетни напади врз израелски градови.