Движењето „Јас верувам“ денеска организираше протест пред седиштето на СДСМ, во знак на револт поради разрешување на д-р Арбен Зибери од директорката функција во Центарот за јавно здравје Скопје, кој беше сменет откако јавно се пофали дека издејствувал Комисијата за заразни болести да предложи отворање на границите за да можат да се вратат иселениците и да гласаат за премиер Албанец.
„Фактот дека Арбен е заменет со Александар е симптоматично за нашето општество. Г-дин Заев, кажете ни само една причина за разрешување на Др. Зибери. Се што знаеме е дека тој направи одлична работа како директор на Центарот за јавно здравје, особено во време на кризата со Корона, кога беше на првите редови на борбата против пандемијата. Отпуштивте посветен и професионален државен службеник затоа што тој го изрази своето мислење на Фејсбук а зборувате за демократија и граѓански права? Го сменивте, и покрај неговата лојалност и професионалност, со Македонец? Кажете ни, ако Арбен навистина згрешил, зошто не одбравте еден од многуте албански здравствени експерти кои имаат исти вештини или можеби и подобри од Александар?“,
посочуваат од Движењето.
Од таму му порачаа на СДСМ дека дошле на власт благодарение на албанските гласови, поради ветувањата за еднаквост, но велат дека се уште „Македонците се привилигирани“
„Ова не се однесува само на Арбен Зибери. Ова се однесува на фактот дека Албанците сè уште не се еднакви. Македонците сè уште се привилегирани во сите области на општеството. А Албанците сè уште се граѓани од втор ред. Се соочуваме со нееднаква правда, се соочуваме со дискриминација во работата и во секојдневниот живот. Знаеме дека како политичар не можете да го менувате менталитетот на луѓето преку ноќ. Но, ние очекувавме да вие да играте примерна уога. Очекувавме искрени напори за еднаквост. А вие го заменивте Арбен со Александар. Само затоа што неговиот чичко се осмели да се кандидира за премиер како Албанец. Позиција за која верувате дека ви припаѓа само вас. Затоа што сте Македонец“,
велат од Движењето „Јас верувам“.