Просторот околу Клиниката за инфективни болести во Скопје, во која се сместени пациентите со најтешка форма на ковид-19, доби нов асфалтен пристап. Градежниците на терен ја привршуваат работата, со што треба да се олесни доаѓањето и заминувањето со моторно возило од Клиниката, но и до мобилната болница поставена веднаш до неа.
Мобилната армиска болница би се активирала за иста намена доколку дојде до зголемување на бројот на заразени. Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 66 пациенти, од кои 7 се на респиратор. Клиниката има капацитет од 110 кревети. Вкупната бројка на пациенти со коронавирус во нашата земја изнесува 617 лица.
Со формирање на Медицинскиот Факултет во Скопје во 1947 година, отворени се и првите клиники и институти, меѓу кои и Клиниката за инфективни болести. Таа е единствена која спроведува терцијарна здравствена заштита за инфективните заболувања во земјава.
Паралелно, во тек е асфалтирање и на останатите улици во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
снимател: Иван Нишотовски
*поврзана вест: Државата одвои речиси 1 милион и 300 илјади евра за реконструкцијата во Клиничкиот центар поради коронавирусот
*поврзана вест: (ВИДЕО) Армиската мобилна болница пред првиот предизвик – не во војна, туку во борба со коронавирусот