Владата на денешната седница донела Уредба со законска сила со која утврдила 78 милиони денари (речиси 1 300 000 евра) за финансирање на организирањето и реконструкцијата на јавните површини во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за време на вонредната состојба со коронавирусот.
„Според Член 2 од оваа Уредба, финансиското учество на Владата е за трошоци за реконструкцијата на улици и тротоари, пробивањето на нови влезови, одвојување на автомобилскиот и пешачкиот сообраќај и непречено движење на интерхоспиталните и интервентните возила и возилата на Итна медицинска помош, докторите и пациентите на клиниката, како и расчистување на јавните површини на просторот во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ – Скопје“,
соопштија од Владината прес-служба.
Министерството за финансии ќе ги префрли овие пари на Град Скопје бидејќи реконструкцијата се прави во координација со скопските Јавни претпријатија.